Германската компанија „Лидл“ денеска во Реонскиот центар во општина Аеродром ќе постави камен-темелник на нов продажен објект. Станува збор за објект којшто ќе биде изграден на парцела што се наоѓа покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ во близина на маркетите „Стокомак“ и „Кам“.
На настанот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и извршниот претставник на Лидл, Милена Драгиска-Денчева.
Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во земјава којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше „Бриколаж“.