Источноевропската земја Литванија потпиша меморандум со Украина и ќе ѝ додели 10 милиони евра кои ќе послужат за финансирање на украинско произвдоство на оржује со долг дострел.
Меморандумот за соработка беше потпишан од министрите за одбрана на Литванија и Украина Лауринас Кашунас и Умеров во Вилнус.
Умеров истакна дека овие средства ќе бидат наменети за производство на оружје, вклучително и за проектот „Паљаница“.
Наскоро ќе биде префрлен првиот дел од средствата, а Литванија веќе работи на завршување на административните процедури.
Умеров ѝ се заблагодари на Литванија за поддршката и укажа на важноста од развивање на стратешко партнерство меѓу двете земји, како и идната соработка во областа на одбранбената индустрија.
Во меморандумот наведени се и приоритетите за 2025 година, кои вклучуваат обука и опремување на украинските бригади, како и развој на соработката во производството на муниција и опрема за противвоздушна одбрана.