Литванија го затвори аеродромот – балони со хелиум го пробија воздушниот простор!


Литванија денес ја затвори главната аеродромска станица во Вилнус и граничните премини со Белорусија, откако неколку објекти, за кои се верува дека се балони со хелиум, влегле во воздушниот простор на оваа балтичка земја и членка на НАТО, соопшти Националниот центар за управување со кризи. Ова е четврти ваков инцидент во текот на неделата.

Литванските власти претходно соопштија дека криумчари на цигари ги испраќаат овие балони, обвинувајќи го белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок сојузник на рускиот лидер Владимир Путин, дека не ја запира оваа пракса.

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Вилнус е стопиран до 00:40 часот, а границата со Белорусија ќе остане затворена сè до состанокот на литванската Комисија за национална безбедност во понеделник, изјавија официјални претставници.

Аеродромот во Вилнус беше затворен и вторникот, петокот и саботата оваа недела, како и на 5 октомври, поради слични случаи на балони што влегле во воздушниот простор на главниот град, соопштија властите.

Зачлени се на нашиот е-билтен