Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Литванија ја обвини Русија за нападот врз Волков

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа денеска изјави дека нападот врз Леонид Волков бил однапред испланиран и дека е поврзан со други провокации против земјата.

Волков, близок соработник на покојниот руски опозициски политичар Алексеј Навални, беше нападнат пред неговиот дом во Вилнус.

– Можам да му кажам само едно на рускиот претседател Владимир Путин – овде никој не се плаши од вас истакна Насуеда.

Литванската контраразузнавачка агенција оцени дека нападот најверојатно бил извршен за да се спречи руската опозиција да влијае на руските претседателски избори. Кремљ ги смета соработниците на Навални за најопасна опозициска сила која може да има вистинско влијание врз внатрешните процеси на Русија. Москва сè уште не го коментираше инцидентот.

Волков директно го обвини Путин откако утрово се врати дома, по помината ноќ во болница. Примил 15 удари со чекан. Раката му била скршена, а ногата му била повредена.

Ова е јасно типичен криминален поздрав од Путин, од криминалниот Петербург. Ќе продолжиме да работиме и нема да се откажеме, објави Волков на Телеграм.

Москва сè уште не го коментираше инцидентот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен