Ливерпул без Бредли до крајот на сезоната

Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја заврши сезоната поради сериозна повреда на коленото.

Бредли претрпе сериозна повреда на коленото и ги повреди и коските и лигаментите за време на натпреварот во четвртокот со Арсенал кој заврши нерешено 0-0 во Премиер лигата, кога се обиде да ја стигне топката во судиското продолжение.

Тој не ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото, но ќе биде опериран во наредните денови, објави „Би-Би-Си“.

Неизвесно е дали фудбалерот од Северна Ирска ќе се опорави на време за Светското првенство, доколку неговата репрезентација се квалификува преку плејофот.

Откако Трент Александар-Арнолд замина во Реал Мадрид, Бредли е прв избор на тренерот Арне Слот на позицијата десен бек и има започнато 12 натпревари од Премиер лигата.

Зачлени се на нашиот е-билтен