Локални избори 2025: Гласањето за болните, немоќните и лицата во притвор се одвива непречено

Денешното гласање за локалните избори во Северна Македонија се одвива непречено и без проблеми, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

На гласањето учествуваат болни и немоќни лица, лица на издржување казна затвор или притвор, како и граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа кои се пријавиле за гласање.

Според информациите од ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8.848 болни и немоќни лица, право на глас го оствариле 5.385. Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, гласаат 810 лица, додека во установите за вонсемејна грижа, од 442 пријавени, гласале 135 граѓани.

ДИК нагласува дека гласањето се одвива без никакви проблеми и недоследности, обезбедувајќи непречено остварување на избирачкото право за сите граѓани кои денеска се во специфични услови за гласање.

Зачлени се на нашиот е-билтен