Британски воен брод одби напад со беспилотни летала на јеменските Хути во Црвеното Море, објавија денеска британските власти.
„Овие недозволиви и незаконски напади се целосно неприфатливи. Наша должност е да ја заштитиме слободата на пловидба во Црвеното Море“; соопшти британското Министерство за одбрана.
Британскиот министер за одбрана Грант Шапс рече дека вчерашниот напад не ја заплашил Велика Британија и оти земјата останува посветена да ги заштити невините цивили и слободната пловидба.