Лос Анџелес без летови – нема доволно контролори на летови во САД

Поради недостаток на контролори на летање, сите летови кон и од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес (LAX) се привремено стопирани, пренесува Politico.

Продолжената блокада на владата на САД ја парализира авијацијата – контролорите работат без плата, а некои веќе земаат боледување или даваат отказ. Министерот за транспорт Шон Дафи предупредува дека „ситуацијата ќе се влоши“, бидејќи контролорите се под огромен стрес и не знаат кога ќе ги добијат платите.

Слични проблеми има и во аеродромите во Феникс, Хјустон, Сан Диего, Њујорк, Далас и Филаделфија, каде бројот на доцнења на летови само во четвртокот надминал 6.000.

Синдикатите алармираат дека системот станува сè помалку безбеден – контролорите се принудени да земаат дополнителни работи, а дел од студентите веќе се откажуваат од професијата.

„Секој ден кога оваа блокада трае, воздухопловниот систем е помалку безбеден од вчера“, предупредува синдикатот на контролори.

Зачлени се на нашиот е-билтен