Германската авио-компанија Луфтханза им наредила на своите вработени да се подготват за напуштање на Израел и соопштила дека од утре ќе ги откаже сите летови кон и од земјата, објави израелскиот Канал 12.
Засега нема официјална информација за причините поради кои компанијата ја суспендира една од своите редовни рути, пренесува „Мирор“.
Луфтханза досега оперираше со секојдневни летови од аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, поврзувајќи го Израел со главните европски дестинации.