Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лука Дончиќ ќе им помогне на настраданите од поплавите во Словенија

Кошаркарската ѕвезда од НБА лигата Лука Дончиќ преку својата хуманитарна фондација се вклучи во помагањето на најпогодените жители од страшните поплави во неговата родна Словенија.

Голем дел од Словенија е под вода, а дел од селата се отсечени од светот, веќе за жал се бројат и жртви. Лука е помеѓу првите големи имиња што се јави да помогне на своите сонародници.

Фондацијата стапила во контакт со локалните самоуправи и наскоро тие би требало да ги добијат потребните средства.

„Фондацијата Лука Дончиќ е потресена од катастрофалните поплави кои предизвикаа хаос во Словенија, уништувајќи куќи и одземајќи животи. Ќе продолжиме да даваме помош сè додека е потребно. Нашата најдлабока благодарност до сите спасувачи на теренот и до сите кои реагираа да помогнат во ризикувајќи ги своите животи за да им помогнат на оние на кои помошта им беше најпотребна“, објавија од фондацијата.

Најтешка е ситуацијата во Штаерска, Коруша и Горењска, а се очекува во наредните часови ситуацијата да се подобри.

Најново