„Гласноста на лажните патриоти имаше за цел да ја потисне веста дека Европската унија изготви План за раст на економиите на Западен Балкан. Овој план има за цел да го подигне економското ниво за да го приближи нивото на животниот стандард на жителите од Западен Балкан со жителите на Европската Унија“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Македонското земјоделство на европскиот пат“ во Струмица.
Таа додаде дека тоа е голема шанса за нашата економија, која не смееме да ја пропуштиме, бидејќи станува збор за отворање на големиот европски пазар и шест милијарди евра помош.
„Тука мислам и на земјоделите, на производството на храна и на вино. Нам не ни се непознати светските пазари, но сега на дофат ни е големата шанса. И ние, ниту досега ниту отсега, нема да ги оставиме оние кои егзистираат од земјата зашто сите ние во суштина живееме од таа земја. Тоа е ставот на СДСМ. Затоа, на чекор сме до целосно бесплатна зелена нафта, нешто кое што го ветивме дека ќе го направиме до 2024 година“, истакна Лукаревска.
Заменик-претседателката додаде дека веќе се воведени грантови за поддршка на жените во земјоделието, а преку грантови се поддржуваат и младите земјоделци.
Лукаревска укажа на фактот дека приливот од извоз на вино е се поголем што се потврди минатата година со 15-тото место во светот.
„Винарството и лозарството се исто така сектори со висок приоритет за нас. За лозарите се подготвува нов модел на субвенционирање чии предлози се од 100 процентна корист за секој лозар за да се сочува бројот на лозови насади и да се подобри квалитетот. Ние сме мала земја која минатата година беше на 15-тото место во светот по девизен прилив од извоз на вино. Тој прилив од година во година е сè поголем“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Македонското земјоделство на европскиот пат“ во Струмица.
Таа додаде дека со искрениот партнерски однос со лозарите и со винариите, во буџетот и пред време се враќа секој денар даден како поддршка.
„Таа поддршка од СДСМ секогаш ќе ја имаат особено сега кога ширум се отвораат портите на големиот европски пазар. Подготвено го пречекуваме тој момент зашто направивме нов Закон за вино, усогласувајќи го со одредбите од европското законодавство за регулирање на пазарот на грозје и на вино. Само да напоменам, дека овој предлог-закон целосно е на страната на лозарите“, наглкаси Лукаревска.