Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукашенко најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2025 година

 Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека ќе се кандидира за функцијата на следните претседателски избори во 2025 година.

– Ќе се кандидирам, пренесете им (на опозицијата), им рекол Лукашенко на новинарите, а пренесува белоруската новинска агенција Белта. Лукашенко оценил дека колку е потешка ситуацијата, опозицијата поактивно ќе работи на разнишување на белоруското општество.

– Колку повеќе се трудат, толку е поголема веројатноста да се кандидирам. Не грижете се, ќе направиме се за да ја заштитиме Белорусија, рече белорускиот лидер.

На прашањето дали неговите зборови би можеле да се протолкуваат како почеток на предизборна кампања, Лукашенко рече дека веќе доволно зборувал за изборниот циклус и напорите (на опозицијата) да ја разниша ситуацијата во земјата пред претседателските избори, кои, како што рече, „се кулминација на изборниот циклус“.

– Тоа ви е изборен циклус. Официјално или неофицијално … Какво прашање, таков одговор. Ако ви требаат детали, ќе бидам директно со вас: не можам да кажам ништо ново. Пред нас е година до избори. Многу работи можат да се променат. Нормално, јас и повеќето од нас, општеството, ќе реагираме на промените што ќе се случат во нашето општество и на состојбите што ќе ги имаме пред изборите, додаде 69-годишниот Лукашенко, кој е претседател на Белорусија од 1994 година.

Во Белорусија денеска се одржуваат парламентарни и локални избори.

Треба да знаете
Moже да ве интересира