Социјалдемократите денеска уште еднаш побараа да не бидат газени правата на културните работници и веднаш да им бидат исплатени платите.
„Сегашната ситуација во културата говори за целосно погазување на Колективниот договор и погазивање на правата на културните работници. И во интервју на министерот Љутков го слушнавме како кажа без срам за колективниот договор за Култура дека е незаконски а тоа е напад на достоинството и правата на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем туку потреба за работниците и претставува законска обврска. Тој договор е резултат на борба на работниците, на дијалог и праведна политика на СДСМ кога беше на власт и кога платите во културата беа покачени а се исплаќаа редовно и со почитување на сите права на вработените“, велат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека ‘за жал денеска културните работници се без плата за месец март и празниците така ги поминаа, а гледаме дека никој не понесе одговорност’.
„Ова е последица на неспособност и распиничко трошење и целосно потфрлање на министерот за култура и владата на ДПМНЕ. Прашање е дали нападот на колективниот договор е најава за ново кратење на правата на вработените во културата и тоа по партиски терк. Неговата неспособност не е никакво оправдување. СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување!,“, велат од СДСМ.