Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, поставувајќи му пратеничко прашања на министерот за култура, Зоран Љутков, рече дека јавноста не знае зошто се прекинати голем број проекти од претходната влада, како што е Љубојно, но затоа пак, знае колку пари потрошил во Јапонија и дека во септември пак, ќе лета во земјата на изгрејсонцето, бидејќи веќе купил авионски билет.
„Знаеме дека отсега имате купено авионска карта во септември за Јапонија, изгледа е многу убаво, но не знаеме кој е државен секретар за култура на 22 мај, на 24 мај, и на 26 мај, 2025 година“, рече Костадиновска Стојчевска. Треба да знаете што значи за амбасадор да му седнете човек кој лажно се претставува, тоа е дело за кривична одговорност.
Министерот за култура Љутков, рече дека жали што пратеничката Костадиновска Стојчевска го троши неговоро скапоцено време за безначајни прашања.
Во врска со Јапонија Љутков рече:
„Во септември, во Јапонија, ќе се случува уште еден настан и јас не сум ја купил картата. Јас тогаш, нема да одам во Јапонија. Бев во Јапонија и освен што ја претставував Макеоднија имав и неколку состаноци заедно со министерот за култура во Јапонија и уште неколку со бизнисмени кои ќе инвестираат во Македонија“, рече Љутков.