Лувр повторно отвори врати, три дена по спектакуларниот грабеж

Музејот Лувр денеска повторно е отворен за посетители, три дена по спектакуларниот грабеж кога четворица крадци однесоа осум парчиња накит вредни околу 88 милиони евра.

Од 9:00 часот, што е вообичаеното време за отворање, првите посетители почнаа да влегуваат во најпосетуваниот музеј во светот. Сепак, Галеријата Аполон, каде што е извршена кражбата, ќе остане затворена, соопштија од Лувр.

Крадците во неделата наутро, веднаш по отворањето на музејот, со помош на кран на возило паркирано пред зградата, стигнале до салата од каде што го однеле накитот и побегнале со скутери. Целиот грабеж бил извршен за само седум минути, што го прави еден од најбрзите и најсмелите грабежи во историјата на музејот.

Зачлени се на нашиот е-билтен