Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

М-НАВ доби нов Управен одбор

Надзорниот одбор на М-НАВ избрал членови за членови на Управниот одбор на 17 октомври ги избрал Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ.

Ристески е назначен за претседател на Управниот одбор и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години.

Тој доаѓа од редот на вработените со исксутво како АТМ експерт во контролата на летање, а има дипломирано на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година.

Новиот Управен одбор се обврзал во периодот што претстои да работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни.

„Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај, согласно највисоките меѓународни воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги“ велат од М-НАВ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново