Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје во Украина не била директно загрозена од нападот со дрон, што предизвика експлозијата.

Но, МААЕ потенцира дека Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба.

МААЕ соопшти дека експлозијата се случила во тренинг центарот до електраната и дека добиле информација дека причината е напад со дрон. Се претпоставува дека МААЕ била информирана од руска страна.

Русија и Украина често меѓусебно се обвинуваат за напади околу најголемата електрана во Европа, која е под контрола на Русија.

Зачлени се на нашиот е-билтен