„Секогаш во судството и обвинителството треба да ги гледаме поединците.Така ќе тргнеме и со СЈО, не може да ја обвиниме целата постапка за формирање на законот, на СЈО, само заради еден што се огрешил во СЈО, кој сега лежи во затвор. И нашиот стратешки партнер САД ја ставаат на црна листа кој што не знаеме, не е конкретизирано за влез во САД, меѓутоа, не знаеме што понатака ќе произлезе од самата порака. Затоа, оваа влада кога веќе тераше борба за корупција бидејќи 11 години гледавме корупција, и законите кои ги донесовме, поминаа многу на бивши политичари на кои предметите стоеја со години, па на крај застареа, кои немаа разрешница ниту дали се обвинети или не се, никогаш нема да дознаеме, но да помогне во самиот систем на судството бидејќи извршната власт не може да се меша во судството. Затоа и тргнавме со измени и дополнувања на тој Закон за рестриктивни мерки. Идејата на Владата и собраниското мнозинство, а сите знаеме дека тој закон е блокиран од опозицијата која не дозволува да се донесе е проширување на основот за воведување, измена и прекин на рестриктивната мерка“, рече Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.
Таа посочи дека самата влада на донесувањето на црна листа и одобрување на органот кој што ќе покрене рестриктивната мерка, одобрување на таа одлука, ќе покренува иницијатива во Јавното обвинителство. Таа додаде дека владата може само индиректно да помогне со иницијативата за покренување на и за замрзнување на името по Законот за кривична постапка.
„Законот за рестриктивни мерки ниту е спротивен на уставот, ниту можеме да го поврземе со законот за меѓународна соработка во кривичната материја“, рече Мадиќ.