Македонија вечерва настапи на 23. издание на Јуниор Евровизија во Тбилиси, Грузија, со прекрасната Нела Манческа ја изведе песната „Miracle“. Настанот се одржа во салата Gymnastic Hall of Olympic City.
Нела имаше фантастичен настап облечена како самовила и со фантастичен сценски настап и го освои одличното седмо место.
Нела доби од речиси сите земји високи поени од гласањето на жирито но и од гласовите кои стасаа од цел свет!
„Miracle“ е авторски проект на продуцентот Лазар Цветкоски, додека текстот е потпишан од Магдалена Цветкоска (Ена-Цветкоска).
Победник е Франција каде ќе се одржи и следниот настап на Јуниорската евровизија 2026.
Погледнете го нејзиниот настап