Сведоштво на мајката на Томче, жртва од „Пулс“: „На нашите деца никој не им помогна, додека умирале монструмот Деко се криел“

„Јас не знам зошто партиите преку медиумите кажуваат кој што и колку дал. Господ рекол кога левата рака дава, десната не треба да знае. И обратно. На нашите деца никој и ништо не им помогна, само помогнаа со тоа што им ја затворија вратата и што многу повеќе уништија. Да била вратата отворена, немало толку да бидат уништени и ќе се спасија. А не како оној монструмот Деко што се криел долу во скривницата, за да се спаси, а нашите деца ги оставил на милост и немилост. Додека умирале монструмот Деко се криел. Нека му служи на чест“, рече Васка Стојанова, мајка на загинатиот Томче, во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Таа обвини дека Деко (газдата на „Пулс“ н.з.) ги оставил децата на милост и немилост при пожарот, а тој отишол во некаква скривница во објектот. Посочи дека вратата била затворена, а тоа одзело повеќе животи.

Зачлени се на нашиот е-билтен