Зголемениот број на возила поради летните одмори и продолжениот викенд предизвика чекања на македонските гранични премини кон Грција. Најголеми задржувања се регистрираат на ГП „Богородица“ со чекање од 40 минути до еден час, додека на „Табановце“ се чека околу половина час.
АМСМ ги повика возачите да возат внимателно, да ја почитуваат сигнализацијата и да бидат особено внимателни на критичните делници низ котлини, речни долини и клисури. Од 3 септември се воведени и градежни ограничувања на патот Гостивар – Тетово и на мостот Здуње на патот А2.