Македонец загина во сообраќајна несреќа во Италија

Сообраќајна полиција

На периферијата на Равена, Италија, се случи трагична сообраќајна несреќа помеѓу два камиона, при што животот го загуби 60-годишниот Ислами Месут, македонски државјанин кој живеел во Луго. Друг возач е повреден во судирот.

Несреќата се случила кога двата камиона се движеле во спротивни насоки – едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломите, кога дошло до сериозен судир.

Жртвата, позната како „Макс“ меѓу локалните жители, живеела во Италија речиси 20 години и била дел од заедницата Волтана. Градоначалничката Елена Занони изрази сочувство до неговото семејство – сопругата, двете деца и внуците – нагласувајќи дека Макс отсекогаш бил познат по чесност и посветеност.

„Макс и неговото семејство беа почитувани и добро интегрирани во Волтана. Тие беа совршен пример за интеграција и добри соседи“, изјави претседателката на Советот на Волтана, Валерија Монти.

Несреќата го потресе локалното население, кое го памети Месут како вреден член на заедницата и предан семеен човек.

Зачлени се на нашиот е-билтен