На Меѓународниот ден на среќата беше објавен Глобалниот индекс на среќата, на кој Северна Македонија се најде на 84 местото, што е напредок од три места во однос на минатата година.
Овој напредок е постојан ако се земе предвид дека во 2013 година, земјата се наоѓаше на 118 позиција на Глобалниот индекс со оценка од 4574, што значи за 11 години земјава бележи раст од 34 места и подобрување на оценката од 795, на сегашните 5369.
Иако е на средина на листата, Северна Македонија, се забележува напредок, па дури и престигнување на некои земји од регионот, како што се Албанија и Турција.