Поради лошата финансиска состојба во МРТВ, Македонија повторно, трета година по ред се повлече од Евровизија 2025 .
Според информацијата во буџетот на националниот сервис за 2025 година не се предвидени средства за ова натпреварување.
Но ова што е сигурно е дека МРТВ ќе продолжи со учество во детската Евровизија, кое е натпреварување кое бара помали финансиски средства.
Од Балканските држави, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора се враќаат по две годишна пауза и ќе партиципираат на Евровизија 2025 година. Романија и Бугарија сеуште остануваат несигурни во нивното учество на овогодишеното учество на Евровизија.
Последен претставник на Македонија на Евровизискиот спектакл беше Андреа во 2022 година со нејзината песна „Кругови“ која го освои 11 место во полуфиналето што не беше доволно за пласман во финалното натпреварување.
Следното издание на Евровизија ќе се одржи во швајцарскиот град Базел во мај 2025. Базел беше избран откако го победи главниот конкурент Женева.
Швајцарија третпат ќе биде домаќин на Евровизија, по 1956 и 1988, благодарение на победата на Немо на натпреварувањето во Малме.
Градските власти на Базел кажаа дека настанот ќе се одржи во салата „Санкт Јакобсхале“, која може да прими 12.000 луѓе. Финалната вечер е на 12 мај.