„Украина – две години хероизам“ е наслов на големата конференција в понеделник, 26 февруари, во Музејот на македонската борба за независност, со почеток во 10 часот, во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Богатата програма на конференцијата опфаќа обраќања на највисоки претставници на нашата држава и дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Шведска, Германија, Полска и Литванија.
Во музејот ќе бидат поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.
Програмата предвидува и промоција на книгата „Украина – години на хероизмот“ од Џабир Дерала.
Организаторите најавија повеќе информации во текот на викендот.