Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност

Утре (четврток, 16 мај), со почеток во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“.

Учесници на разговорот што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.

Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.

Зачлени се на нашиот е-билтен