Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него.
На крајот од сесијата на лидерите на ЕУ, на која високиот европски претставник Жозеп Борел ги информираше за договорот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, Макрон го поздрави договорот и побара брзо спроведување, пренесува МИА.
Францускиот претседател истакна дека „добро е познато колку Франција и Германија работеа заедно за ова и дека ќе продолжат да го прават тоа и во иднина“.