Макрон: Ги примаме повредените од швајцарскиот ски-центар

Бројот на жртви е ужасен. Нашите мисли се со нивните семејства“, објави Макрон на мрежата X.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека неговата земја ги прима повредените од пожарот во швајцарскиот ски-центар и е подготвена да пружи секаква помош.

„Разговарав со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Гијом Пармелин, за да ја изразам нашата солидарност. Бројот на жртви е ужасен. Нашите мисли се со нивните семејства“, објави Макрон на мрежата X.

Тој додаде дека француските дипломатски и конзуларни тимови ја следат ситуацијата и им ја обезбедуваат потребната помош на Французите погодени од оваа трагедија.

Според швајцарските власти, околу 40 лица загинаа, а 115 беа повредени во пожар во бар во ски-центар во Кран-Монтана.

Зачлени се на нашиот е-билтен