Макрон го критикуваше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше трговскиот договор што го постигнаа Европската унија и САД.

„За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно, изјавил тој пред министри“, пренесуваат француски дипломати.

Иако договорот нуди поголема „видливост“ за француските компании, Макрон рече дека тоа е само прв чекор и оти преговорите за него ќе продолжат.

„Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда за суверенитет и конкурентност“, изјави Макрон.

Зачлени се на нашиот е-билтен