Катастрофалните последици од потенцијалниот израелски напад врз Рафа во јужниот дел на Газа би биле неприфатливи, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во разговор со јорданскиот крал Абдула Втори.
Тој посочи дека овој напад ќе доведе до „невидена хуманитарна катастрофа и ќе биде пресвртница во овој конфликт“.
Макрон исто така додаде дека го споделува стравот на Египет и Јордан дека ќе има „присилно и масовно раселување на населението“ од Појасот Газа.
Кралот на Јордан претходно изјави дека не може да се дозволи израелски напад врз Рафа, нагласувајќи дека тоа ќе доведе до „уште една хуманитарна катастрофа“.
Повеќе од еден милион Палестинци се во Рафа, на границата со Египет, каде што многумина живеат во шаторски кампови и импровизирани засолништа откако избегаа од израелското бомбардирање на други делови од енклавата.