Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Макрон тврди дека Франција можела да го спречи геноцидот во Руанда, но недостигала политичка волја

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција и нејзините сојузници можеле да го спречат геноцидот во Руанда во 1994 година, во кој беа убиени повеќе од 800.000 луѓе, но, како што истакна, недостигала политичка волја за тоа.

Во соопштението од кабинетот на францускиот лидер е најавено дека Макрон ќе објави видео на социјалните мрежи во недела додека Руанда ја одбележува 30-годишнината од почетокот на геноцидот.

Во тоа видео, Макрон наведува дека „на Франција, која можеше да го запре геноцидот со своите западни и африкански сојузници, и недостигала политичка волја да го стори тоа“.

Владата на Руанда предводена од претседателот Пол Кагаме долго време ја обвинува Франција дека го „овозможила“ геноцидот.

Во последниве години, Франција, исто така, ги зголеми напорите да ги уапси осомничените за геноцид и да ги изведе пред суд.

Зачлени се на нашиот е-билтен