Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Оливер Спасовски денеска го откри и оддаде почит на Спомен обележјето во чест на загинатите припадници на македонската полиција кои загинаа во 2015 година, во вооружената престрелка со терористичка групација во „Диво насеље”, Куманово.
На свеченоста на која се одбележа и Денот на Единицата за брзо распоредување, иако поканети не се појавил градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ниту пак делегација од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот нивен скандалозен потег, наиде на негодување во јавноста и на социјалните мрежи.
Во период кога се случи крвавиот настан во Диво Насеље, сегашниот градоначалник Димитриевски, беше советник во Советот на општината, а неговите радикални настапи против тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, подоцна му донесоа пратенички мандат, но и градоначалничка фотелја на локалните избори 2017 година, а вториот мандат го доби како независен кандидат со посредна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.