Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мали, Буркина Фасо и Нигер се повлекуваат од регионалниот блок на западноафриканските држави ЕКОВАС

 Мали, Буркина Фасо и Нигер денеска соопштија дека се повлекуваат од регионалниот блок на западноафриканските држави ЕКОВАС (ECOWAS), обвинувајќи ја организацијата за „нехумани“ санкции против нив воведени по државните удари во тие земји.

Во заедничкото соопштение се наведува дека „целосно самостојно одлучиле за итно повлекување на Мали, Буркина Фасо и Нигер од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС)“, наведувајќи дека блокот „се оддалечил од идеалите на своите основачи и идејата за ​Пан-африканизам“ по речиси 50 години од неговото формирање.

„ЕКОВАС, под влијание на странски сили, изневерувајќи ги своите основни принципи, стана закана за нејзините земји-членки и нејзиното население чија благосостојба треба да ја обезбеди“, се вели во соопштението. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира