Малолетник од Коњари направил сообраќајка, пешак се бори за живот

Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во с.Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф.

Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба.

Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен