Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ-Агелер: Партнерството од САД да обезбеди поддршка за промовирање просперитетна, добро управувана и стабилна држава

 Соработката со САД како наш стратешки партнер во областите поврзани со европските реформи и за можностите за насочување и зајакнување на соработката во реализација на националните стратешки приоритети, беа во фокусот на првиот состанок оваа година на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со американската амбасадорка Анџела Агелер, во Секретаријатот за европски прашања.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ изразил благодарност за континуираната политичка и економска помош од САД, како наш стратешки партнер и силен сојузник на европскиот пат на нашата држава.

Двајцата соговорници се согласиле дека посветеноста во остварувањето на европската агенда со нашите стратешки партнери е од интерес на сите граѓани на Северна Македонија, регионот на Западен Балкан, Европа и светот, а глобалните случувања бараат посветување внимание за одржување стабилен регион и цврсто партнерство на Западен Балкан. 

Агелер и Маричиќ разговарале за следните чекори во претстојниот период, кои ја засегаат политичката одговорност, и вложувањето во реформите, по изготвените патокази за владеење на правото и реформа на јавната администрација, кои согласно Преговарачката рамка за Северна Македонија усвоена од Советот на ЕУ, на 18 јули 2022 година претставуваат одредници за отворање на Кластерот 1, Фундаментални вредности. 

На состанокот била истакната важноста од користењето на моментумот за приближување на државата кон ЕУ и партнерството од САД фокусирано да обезбеди поддршка за промовирање просперитетна, добро управувана и стабилна Северна Македонија, посветена на евроатлантската интеграција. 

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорката Агелер се согласиле дека во време на силна поддршка од САД и ЕУ за нашата држава и регионот на Западен Балкан, исклучително важно е да се превземат сите потребни мерки за користење на моментумот и спроведување на Планот за раст со кој, со помош на сите геостратешки партнери на Северна Македонија, ќе се обезбеди поголема соработка помеѓу земјите од регионот во насока на обезбедување стабилност, економски раст посебно важен за регионот и услови за непречено спроведување на зацртаните реформи, стои во соопштението на СЕП.

Зачлени се на нашиот е-билтен