Ние имаме сигнал од ЕУ дека можеме да влеземе во Унијата до 2030 година, и тоа е доволен сигнал ние и понатаму да притискаме на две линии – Европската Унија да се реформира паралелно со преговарачкиот процес што го имаме за членство во ЕУ. 2030 година е достижен датум тие два процеса да завршат во исто време и да биде подготвена и ЕУ за нови членки, а и ние да бидеме подготвени за да бидеме членка на Европската Унија. Тоа е достижна цел- рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ВИС.
Граѓаните сакаат во 2030 година ги видат своите лидери и своите претставници на бината на ЕУ каде што ќе се примаат нови членки на ЕУ, смета тој,.
-Трката кон Европската унија зависи од нас. И на Хрватска и велеа дека ништо не и даваат и дека мора да го чека целиот регион, но тие упорно се бореа и успеаа да издејствуваат да влезат во ЕУ во 2013 година – вели Маричиќ.