Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ – Лабиб: Наша цел е со поддршка на белгиското претседателство да се доближиме чекор поблиску до ЕУ 

Решителност за продлабочување на соработката во различни сектори, реформи на демократски принципи, раст и развој на државите членки заедно со земјите кандидати од Западниот Балкан, како и реализација на проширувањето на Европската Унија, се заедничките вредности и цели што ги обврзуваат Северна Македонија и Белгија, оценија на денешната средба во Брисел првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ и белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија Хаџа Лабиб. 

– Нашата мисија е насочена кон проактивен ангажман на Северна Македонија за исполнување на целта за полноправно членство во ЕУ, рече Маричиќ. 

Во разговорот со Лахбиб, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, Маричиќ посочи дека наша цел е да одиме чекор поблиску до Унијата со поддршка на белгиското претседателство. 

Покрај цврстата поддршка на белгиското претседателство, вицепремиерот Маричиќ ја истакна и решителната и непоколебливата посветеност на Северна Македонија за развој и успешна реализација на европската интеграција. 

На средбата воедно стана збор и за изнаоѓање на начини за засилена соработка меѓу Северна Македонија и Белгија, чија цел е зајакнување на регионалната стабилност, економскиот просперитет и културната размена во европската рамка. 

Лабиб, од своја страна, го пофали напредокот на земјава во усогласувањето со европските вредности и стандарди, изразувајќи ја цврстата поддршка на Белгија за европските аспирации на Северна Македонија. Во разговорот беше истакната и важноста на солидарноста и партнерството во решавање на предизвиците и можностите на европскиот пат. 

Вицепремиерот Маричиќ воедно изрази благодарност, истакнувајќи ја важноста на периодот на белгиското претседателство, кога ќе се одвиваат клучни процеси во ЕУ важни за нас и за регионот. 

Покрај со Лабиб, Маричиќ претпладнево се сретна и со заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Европската службата за надворешна политика (ЕЕАС), Марко Маковец, а попладнево ќе има средби и со со раководителот на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман и со дипломатскиот советник на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел за надворешна политика, Симон Мордју. 

Зачлени се на нашиот е-билтен