Целосна невистина е пропагандата на Левица дека наводно јас „сум продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици”, реагираше поранешниот вицепремиер задолжен за европски интерграции Бојан Маричиќ на објавите на партијата Левица.
Во реакцијата Маричиќ ги презентира фактите и истакнува дека тој, „ниту како министер за правда, ниту како вицепремиер за европски интеграции никогаш не сум имал надлежности за оттуѓување државно земјиште“.
Маричиќ посочува деја Левицва го злоупотребува тоа што тој претседавал со одредена седница на Влада, по налог на премиерот, на која седница оваа точка била на дневен ред и нагласува дека „одлуките од овој карактер задолжително се носат со мнозинство гласови, како колективни одлуки на владата, но исклучиво после добиено позитивно мислење од сита надлежни институции“.
„Во овој случај, како што веќе известија медиумите, претходно позитивно мислење дале сите релевантни институции, а особено важно е што Националниот конзерваторски центар и Управата за заштита на културното наследство дале мислења дека нема културно наследство што е загрозено со отуѓување на оваа парцела“, објаснува Маричиќ и дополнува дека „во вакви случаеви, оној кој претседава со седница на Влада има обврска да ја стави точката на дневен ред и да побара мислење од Владата“.
Според сето ова, заклучува Маричиќ, „Левица тера лажна пропаганда, Владата донела одлука врз основа на претходни позитивни мислења од сите засегнати институции, а јас како вицепремиер само сум ја водел таа седница на Влада, по налог на премиерот кој бил оправдано отсутен“.