Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Лидери сме во искористеност на ИПАРД програмата, со членството во ЕУ ќе добиеме милијарди евра неповратни средства за земјоделството

Нашите политики во аграрот се блиски или идентични со оние на ЕУ и сега сме на чекор да добиеме пристап и до пристапните фондови за поддршка на земјоделството, а кога ќе станеме членка да ги користиме сите придобивки од буџетот за земјоделство на ЕУ кој во периодот од 2023 до 2027 изнесува 270 милијари евра, истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ на трибината од кампањата „Ние сме Европа“ во Прилеп посветена на земјоделието.

Маричиќ нагласи дека „земјоделците во Северна Македонија сега имаа имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции, а хрватските и словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 милијарди евра поддршка за нивното производство. А настапуваме на исти пазари со нивните производи“.

Маричиќ посочи дека милијарди евра на ЕУ за земјоделското производство и руралниот развој  најмногу се издвојуваат за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство.

„Во претпристапниот период Полска, Хрватска, Словенија и другите земји членки како Бугарија и Романија, искористија стотици милиони евра за развој на земјоделството и руралните региони. Тоа е политиката на Брисел за подготовка на државата за членство во Унијата: Да инвестира во секторите кои се во врвот на приоритетите на ЕУ, а земјоделството и здравата и безбедна храна се дел од тие приритети“, рече Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Прилеп посветена на земјоделството.

Маричиќ укажа  на тоа дека со новата ИПАРД 3 програма предвидени се вкупно 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители, а дека со пристапот на Македонија во Европската Унија, оваа поддршка само ќе расте и според досегашните искуства ќе се зголеми за 10 до 11 пати.

„Оваа трибина и она на што ќе се посветиме во наредниот има за цел да ги охрабри и младите земјоделци и бизнисмени во прехранбената индустрија да останат тука. Да ги охрабриме да го модернизираат семејниот земјоделски капацитет или да започнат нов бизнис со фондовите на ЕУ во висина од дестици милијарди евра“, рече Маричиќ.

Дополнително, потенцираше Маричиќ, со членството во ЕУ се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи кои во меѓувреме ја имаат целата поддршка да бидат конкуретни според стандардите на Европската Унија.

„Нашата земја ги има тие потенцијали и за нашата аграрна стратегија и реформа од огромно значење е брзиот пристап до фондовите на ЕУ“, истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ на трибината од кампањата „Ние сме Европа“ во Прилеп посветена на земјоделието.

Зачлени се на нашиот е-билтен