Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ на Европскиот ден на јазиците: Да ги почитуваме сите европски јазици, како што се почитува и македонскиот

„Сите имаме обврска со државнички постапки да го штитиме, афирмираме и зацврстуваме статусот на македонскиот јазик како еден од автентичните јазици на Европа. Тоа е влог во осигурување европско и светско признание за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, по повод 26 Септември – Европскиот ден на јазиците.

Во објавата Маричиќ истакнува дека „денеска кога ги испраќаме пораките по повод Европскиот ден на јазиците со гордост кажуваме дека со заштитата на нашата јазична средина – македонскиот јазик како наша татковина го споделуваме на еднакво рамниште со сите европски јазици на континентот којшто е нашето пошироко семејство на народи“.

„Во тоа семејство македонскиот јазик го има истото почитување како што ние Македонците, како една од европските вредности, ги почитуваме јазиците на сите останати во европското семејство и ги охрабруваме и младите и сите граѓани од било која возраст да ги учат јазиците на другите“, порачува вицепремиерот Маричиќ во својата објава на социјалните мрежи.

„Така ќе докажеме“, потенцира Маричиќ, „дека како Европјани сме побогати со почитта кон секој јазик на нашиот континент, а учењето на јазиците ни помага не само да се разбереме едни со други, туку и да се поврзуваме во културната разноличност како најголема вредност на европското семејство“.

Зачлени се на нашиот е-билтен