„Не е вистина дека постојат држави кои имаат забелешки и кои ќе нѐ спречат да продолжиме со преговорите. Тоа нема врска со реалноста бидејќи на дневна основа имам контакти со сите држави членки и никој тоа не го најавил ниту постои такбо нешто. Скапо ќе нѐ чинат ваквите изјави како држава, а граѓаните скапо ќе ги платат заблудите во кои ги доведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се неодговрни и неточни изјави од страна на опозицијата“, реагираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за МРТ на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој рече дека ЕУ не ја притиска Бугарија во однос на Македонија бидејќи, како што рекол, против отворање на преговори со Македонија се најмалку пет членки на ЕУ кои забележуваат висок степен на корупција во земјава.
„Ние имаме секојдневни коимуникации со сите држави членки. Никој тоа не го најавил ниту постои такво нешто. Затоа треба да ги напуштиме неодговорните изјави за собирање на евтини политички поени. Затоа што скапо ќе нѐ чини нас како држава и како граѓани. Граѓаните веќе доволно скапо ги платија заблудите од минатото на опозицијата. Да не дозволиме и сега да ги плаќаат скапо заблудите на опозицијата“, изјави Маричиќ во гостувањето на Националниот сервис.
Тој потенцира дека доколку не се донесат уставните измени ќе се пропушти шансата во следното проширување во 2030 година, да станеме членка на ЕУ.
„Ќе почнат преговорите за Украина, за Молдавија, можно е да се донесе одлука Албаниај да продолжи понатаму. Ќе останеме во една категорија на држави кои што се далеку од преговорти како што се БиХ и Косово. Мислам дека тоа овие и наредните генерации нема да ни го простат“, рече Маричиќ.