Поранешниот главен преговарач и вицепремиер за европски прашања на Северна Македонија, Бојан Маричиќ, на покана на Академијата за економски студии во Кишењев, во Молдавија, одржа јавен час пред студентите на академијата.
Маричиќ разговараше со идните претприемачи и специјалисти за меѓународни односи за искуствата на Северна Македонија во процесот на европската интеграција. Поранешниот вицпремиер за европски прашања говореше за чекорите што треба да се преземат на ниво на властите, но и на општеството во целина, за напредување на патот кон ЕУ.
Во своето обраќање Бојан Маричиќ како посебно важно го истакна вклучувањето на младите во процесите на приближување на земјата во Европската унија.