Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Патриотизмот со кој револуционерите го градеа патот за идните генерации правејќи држава признаена од сите, е и наш долг кон новите генерации

„Македонската револуционерна борба е многу повеќе од ден кој се одбележува еднаш годишно. Борбата и патриотизмот со кој револуционерите го градеа патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, се и наш долг кон новите генерации“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Денес, нашиот патриотизам е со поглед свртен кон иднината. Ова е времето кога новата генерација македонски општественици ќе ги испише историските страници кои ќе бидат препознаени како европски и напредни. На цврстите темели на кои е вграден македонскиот идентитет продолжуваме да ја градиме заедничката иднина, во мир и просперитет, во чекор со големото европско семејство“, потенцира Маричиќ во честитката по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Најново