Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Планот за раст е финансиска и политичка инвестиција на ЕУ во Северна Македонија

„Силно го поздравуваме објавениот План за раст (на економиите) на Западен Балкан. За прв пат имаме резервирани пари за реформите. Шест милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра на располагање за Северна Македонија“, истакна во своето обраќање вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на прес конференцијата по повод Изверштајот на Европската Комисија за напредокот на земјата во евроинтегративниот процес заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Гир.

Маричиќ истакна дека „Планот за раст ќе ги засили нашата и регионалната економија и со тоа побрзо ќе се намалуваат разликите со економиите на земјите членки на ЕУ“.

„Со Планот за раст се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар. Тоа значи дека нашите производи и услуги ќе почнат да се пласираат на Единствениот европски пазар и пред нашето официјално членство во ЕУ“, нагласи Бојан Маричиќ.

Тој потенцираше дека Планот за раст е резултат на барањата на Владата како можност да се искористат привилегиите и можностите од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите.

„Задничка цел, наша и на ЕУ е до март 2024 година да  се направи прв трансфер на пари кон Северна Македонија и кон другите земји во регионот на Западен Балкан. Тоа значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за четири месеци од сега“, соопшти вицепремиерот задолжен за европски прашања.

Маричиќ нагласи дека „Планот за раст е финансиска и политичка инвестиција на ЕУ во Северна Македонија“.

„ЕУ изрази јасен став дека има потреба и сака да ја види нашата земја во европското семејство. Планот за раст е план за забрзана интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подадена рака за забрзување на процесот за членство до 2030 година“, истакна во своето обраќање вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на прес конференцијата по повод Изверштајот на Европската Комисија за напредокот на земјата во евроинтегративниот процес заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Гир,

Зачлени се на нашиот е-билтен