Јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ сака да избега од темата, од уставни измени од темата Бугарија, порача вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за Слободен печат.
Јас знам дека е непријатна и тешка тема за сите нас, но ние мора да понудиме одговор а прашањето како ова држава натаму ќе се развива. Кој е моделот за развој? Јас сум убеден дека најдобриот модел за развој на нашата држава е ЕУ. Дека ниту една партија тоа не го оспорува, исто така е точно, меѓутоа не е бтно тоа само реторички да го поддржуваме. Тоа е механизам како ние да станеме подобро општество и држава”, порача Маричиќ.
Според него тој процес е тежок но носи придобивки за граѓаните и државата.
,,Тоа е тежок процес и јас не велам дека само СДСМ може и само СДСМ има право, но само СДСМ се бори во моментов и само СДСМ упорно ја става оваа тема на маса и мислам ако ВМРО-ДПМНЕ и сите други партии имаат искрена желба нешто да направат, паралелно мора да течат и реформите и добрососедските односи и сето она што значи односи со ЕУ”, кажа Маричиќ.
Тој посочи дека процесот на интеграција во ЕУ не е лесен и едноставен но дека е потребен на државата и граѓаните.
,,Јас знам дека е непријатна и тешка тема за сите нас, но ние мора да понудиме одговор а прашањето како ова држава натаму ќе се развива. Кој е моделот за развој? Јас сум убеден дека најдобриот модел за развој на нашата држава е ЕУ. Дека ниту една партија тоа не го оспорува, исто така е точно, меѓутоа не е битно тоа само реторички да го поддржуваме. Тоа е механизам како ние да станеме подобро општество и држава”, порача Маричиќ.
Маричиќ смета дека ВМРО-ДПМНЕ сака да избега од темата, од уставни измени, од темата со Бугарија и затоа овој период води кампања со екстремно националистичка реторика, на тој начин носејќи опасност државата повторно да биде блокирана, а тоа според него ќе донесе тензии и поделби во општеството.