Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Среќен роденден СДСМ, 33 години одговорно, трезвено и одлучно, продолжуваме да градиме општество на солидарност со грижа за секого

„33 години одговорно, трезвено и одлучно, наспроти сите опструкции и препреки. 33 години со јасен став и со посветеност за државата да оди напред.Ги слушаме и ги разбираме граѓаните, постапуваме и ќе продолжиме да чекориме кон економска сигурност и подобар животен стандард. Заедно градиме општество на солидарност со грижа за секого. Така го личи СДСМ“, порачува секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ1 Бојан Маричиќ,  во видео честитката по повод роденденот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Тој понатаму вели дека СДСМ е горда за сите демократските исчекори кои Македонија ги направила изминативе години со водство на СДСМ.

„Историјата запиша, Македонците ќе паметат: СДСМ ги заштити македонскиот јазик, култура и идентитет.Со визионерство и државничка гордост го обезбедивме членството во НАТО. Најдоцна до 2030 години ќе станеме членка на ЕУ“, порачува Маричиќ.

Тој на крајот истакнува дека СДСМ никогаш не се откажува и дека нема откажување од европската иднина.

„Среќен роденден СДСМ“, вели Маричиќ во честитката до СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен