Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Украина жртвуваше повеќе од Северна Македонија за обезбедување на европска иднина

Поминаа точно една година од најавуваната руска агресија врз Украина и од огласувањето на сирените за воздушен напад во главниот град на Кијев. На 24 февруари мината година со почетокот на руската инвазија врз Украина светот се промени преку ноќ, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Европа која беше означена за оаза на мирот стана сведок и поле на жестока војна. Никој не очекуваше во 21 век дека ќе треба да бираме страна и ќе треба да застанеме во одбрана на суверинитетот на некоја европска држава, во одбрана на европските вредности, во одбрана на базичките човекови права. Бруталната руска агресија врз Украина е доказ дека геополитиката не препознава и не признава грешки. Во современиот свет и модерните демократски општества не можеме да си дозволиме геополитички бришан простор“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека Украина е единствена земја што даде повеќе жртвуваше од Северна Македонија за обезбедување на европската иднина.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново