Маск: „Да се убие програмата за Месечината“

Елон Маск жестоко го нападна в.д. директорот на НАСА, Шон Дафи, обвинувајќи го дека со „реотворањето“ на договорот за мисијата Artemis III ја саботира американската лунарна програма.

Дафи најави нов тендер од 2,9 милијарди долари за лунарен лендер поради доцнењето на „Starship“ и потребата да се надмине Кина во трката за Месечината. Маск на Х го нарече „Sean Dummy“ и обвини дека човек со „двоцифрен IQ“ не треба да ја води агенцијата. Artemis III, првично доверен на SpaceX, се очекува да полета во 2027 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен