Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маск: Од следниот месец медиумите ќе можат да наплаќаат за читање текстови

Илон Маск

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најави дека социјалната мрежа почнувајќи од следниот месец ќе воведе опција која на медиумите ќе им даде можност да наплаќаат за читање на нивните текстови.

„Ова им овозможува на корисниците кои не би се регистрирале за месечна претплата да плаќаат повисока цена по напис кога сакаат да ја прочитаат“, напиша Маск на Твитер.

Тој изјави дека новата опција треба да биде од голема корист и за медиумските организации и за јавноста.

Откако ја презеде компанијата во октомври минатата година, Маск воведе низа промени во обид да ги зголеми приходите на Твитер, откако платформата забележа пад на приходите од рекламирање. Маск го намали бројот на вработени во Твитер од 7.500 на околу 1.500 луѓе. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен