Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маск жестоко му одговори на Шолц поради она што го рече во Давос: Срам да ти е…

Американскиот милијардер Илон Маск му порача на германскиот канцелар Олаф Шолц дека треба да му е срам, нарекувајќи го „Оаф Шиц“.

Шолц претходно на Светскиот економски форум во Давос изјави дека не ја поддржува слободата на говор кога се користи за екстремно десничарски ставови, откако американскиот милијардер Илон Маск ги поздрави присутните на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со гест што изгледаше како фашистички поздрав.

„Срам да ти е, Оафе Шиц“, напиша Маск.

„Шиц“ нема никакво значење на германски.

Претходно, Маск ја поддржа екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), што доведе до критики од германскиот политички естаблишмент и влијаеше на ставот на Шолц на Светскиот економски форум (СЕФ).

Маск претходно го нападна Шолц на социјалната мрежа Х, нарекувајќи го „неспособен будала“ кој треба да поднесе оставка по смртоносниот напад на германскиот божиќен пазар.

Зачлени се на нашиот е-билтен